Пејачката отворено за љубовта со пилотот Муки, стравовите, предрасудите и притисокот од јавноста.
Пејачката Тања Савиќ веќе три години ужива во љубовна врска со пилотот Мухамед Муки Бешиќ. Иако на прв поглед нивната врска изгледа невозможна – таа од Смедерево, тој од Америка, различни вери и години – сепак, љубовта надвладеала. Како што откри, се запознале во февруари во Америка, а веќе следниот месец Муки дошол во Србија само за да ја види.
На почетокот не остави се зад себе, но дојде да ме види. Се слушавме постојано, и постепено врската доби сериозен тек”, вели Тања.
Признава дека чувствувала страв – дали ќе успее, дали е вистински – но со време, таа се опуштила и му верувала.
Поврзани објави
Кога видов дека нема лоши намери, едноставно се препуштив. Потоа дојде медиумскиот притисок – дека е муслиман, дека е помлад од мене… се јавија предрасуди”, искрено раскажа Тања.
Денес, вели, веќе не се грижи за тоа што ќе каже народот.
Порано ме болеше, ама сега живеам по свое. Луѓето секогаш гледаат во туѓиот двор. Јас знам што правам и тоа ми е доволно”, завршува пејачката со насмевка и став.
printskrin Youtube-AmiG Show