Пејачката и фудбалерот Немања Гудељ уживаат во модерен дом со базен и апсолутна приватност
Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, поради неговата спортска кариера живеат во шпанскиот град Севилја. Тие деновиве го привлекоаа вниманието на јавноста со фотографии од нивниот луксузен дом, кој изгледа како вистинска оаза на мирот.
Пејачката сподели неколку кадри на Инстаграм од нивната модерна вила, чиј ентериер доминира со стакло и природна светлина. Од пространа дневна соба се излегува директно во дворот каде се наоѓа базенот – идеален простор за одмор и релаксација.
Приватноста им е загарантирана со висока ограда и бујно зеленило, кое го опкружува целиот имот. Домот, покрај стилот и луксузот, зрачи и со топлина, а секој детаљ зборува за нивниот внимателно избран животен стил.
Поврзани објави
Доме, слатки доме. Звук на мир…“ – напиша Анастасија под фотографиите, опишувајќи го совршениот амбиент во кој уживаат.
printskrin Youtube-K1 Televizija