Ветеринар препорачува колку често би требало да го перете креветот на вашето куче
Многу сопственици на кучиња честопати го занемаруваат перењето на креветот своите миленици, бидејќи тие обично стојат во агол од собата, додека кучето поголемиот дел од времето го поминува на софата или во вашиот кревет.
Но ако не можете да се сетите кога последен пат сте го испрале, веројатно време е за длабинско чистење.
Ветеринарот доктор Мехди Есматпарас, кој има повеќе од 15 години искуство, советува дека треба да го перете креветот на вашето куче најмалку еднаш во две недели.
Ако вашето куче многу се митари, има алергии или поминува многу време надвор, се препорачува перење на навлаките на секои три до четири дена.
Кучињата внесуваат нечистотии, бактерии и полен од надвор, кои можат да бидат штетни по нивното здравје ако се насобираат во нивниот кревет.
Редовното перење ќе му помогне на вашиот миленик да остане здрав. Ако не го исперете креветот на вашето куче, тој може да стане легло на бактерии, болви и габички, кои можат да предизвикаат инфекции на кожата и непријатни мириси.
Ова, исто така, може негативно да влијае врз вашето здравје, особено ако имате алергии или астма.
Поврзани објави
Како да го исчистите креветот за кучиња?
Прво, треба да ги проверите упатствата на навлаката. Ако нема, отстранете ја навлаката и исперете ги одвоено, користејќи топла вода за да ги елиминирате бактериите, болвите и алергените ефикасно. Сушењето на сонце или во сушара на висока температура, ќе помогне за отстранувањето бактерии.
За чистење користете хипоалергенски детергент без мириси за да одбегнете иритации на кожата. За да ги отстраните непријатните мириси, може да додадете малку бел оцет во циклусот на плакнење. Ова ќе го одржи креветот на вашето куче чист и свеж, без синтетички мириси.
Дури и ако вашето куче поминува повеќе време во вашиот кревет отколку во неговиот, сепак, важно е редовно да го перете неговиот кревет.
„Валканиот кревет може да ги влоши респираторните проблеми и кај кучињата и кај луѓето, особено кај оние со алергии или астма“, објаснува Есматпараст.
Со редовното перење на креветот на вашето куче придонесувате за здравјето на опкружувањето на вашиот миленик, како и за здравјето на членовите на вашето семејство.
ФОТО: PEXELS