Серијата „Руби“ во продукција на „Телевиса“ беше голем хит во 2004 година. А во приказната на авторката Јоланда Варгас Дулче, една од главните улоги ја толкуваше Себастијан Руљи, играјќи го ликот на Хектор, лудо заљубен во главниот лик.Познатиот аргентинско-мексикански актер, роден во Буенос Аирес, денес има 47 години. Во серијата „Руби“, тој на секој начин се обидуваше да ја освои фаталната Руби, па дури и прибегна кон екстремни решенија.Улогата на Хектор е една од најзначајните во неговата кариера, која ја започна во 2000 година во тинејџерската серија “Primer amor: a 1000 x hora“, пред тоа работеше како модел низ светот во Париз, Милано, Токио, и по посетувањето на актерска школа на продуцентската куќа „Телевиса“ се префрли на нова работа.Покрај неговите актерски достигнувања, јавноста ја заинтригираше и со неговиот љубовен живот. Во 2007 година, Себастијан се ожени со својата долгогодишна девојка, актерката Сесилија Галијано. Церемонијата се одржа без медиумите, а присуствуваа само 27 најблиски роднини и пријатели. Поврзани објавиПоранешниот пар го доби синот Сантијаго во јануари 2010 година, а се разведоа една година подоцна.Во 2014 година актерот започна врска со мексиканската актерка Анџелика Бојер, која е 13 години помлада, а ја знаете по улогата во серијата “Rebelde“. Двојката се запознала на снимањето на „Тереза“ во 2010 година додека тој бил во брак, а наводно се зближиле на снимањето на теленовелата “Lo Que La vida Me Robo“ четири години подоцна.Сепак, поранешната девојка на Себастијан Руљи, актерката Арачели Арамбула, навести дека врската можеби започнала порано, која одбила да работи со Анеѓилка, тврдејќи дека контроверзната романса сепак избила за време на снимањето на сапуницата „Тереза“. Наводно, затоа раскинала со познатиот Хетор во 2013 година.Од друга страна, пред да се заљуби во познатиот актер, Анеѓилка била во врска со 28 години постариот продуцент Хозе Алберто Кастро, што на нејзиниот татко воопшто не му се допаднало.Врската помеѓу Себастијан и Анеѓилка трае со години, се приближува 10-годишнината од нивната љубов. На Инстаграм можете да ги видите нивните бројни заеднички фотографии, а тој признава дека ги изневерувал и бившите девојки, но дека среќата ја нашол со сегашната партнерка.
Хектор од серијата „Руби“ денес има 47 години, изгледа НАЈДОБРО досега и покрај себе има МЛАДА актерка која многу добро ја познавате – Убавина и здравје
73
претходен текст