Table of Contents
Начинот на кој славната двојка ги воспитува децата е многу необичен
Актерите Ева Мендез и Рајан Гослинг важат за една од најубавите холивудски двојки, а нивниот брак е еден од најстабилните. Лудо вљубени се венчале во тајност, а по судбоносното „да“, Ева му се посветила на семејниот живот и престанала да прифаќа улоги во филмови.
Ева Мендез своето прво дете, ќерката Есмералда, го родила на 42 години, а две години подоцна, со Рајан ја добила ќерката Аманда.
„Отсекогаш сум имала јасна граница кога станувало збор за мојот сопруг и децата. Секако дека ќе зборувам за нив, но нема да објавувам фотографии што ни се случува секој ден. За мене, црвениот килим е работа, а не место за покажување љубов“, рекла Ева.
Рајан Гослинг со ќерките
Славната двојка може да си дозволи луксузен живот, особено по астрономските хонорари на Рајан Гослинг во последниве 10 години, но ги воспитуваат своите ќерки да бидат скромни и да научат дека успех и животно задоволство се постигнуваат со труд и напорна работа.
Поучени од трагичните примери од животите и судбината на децата на холивудските ѕвезди, кои честопати завршуваат во пеколот на зависностите, депресијата и потрагата по смисла, Ева, Рајан и нивните ќерки живеат во двособен стан, ги делат домашните обврски и никогаш немаат ангажирано дадилка. А причината зошто се одлучиле за ваков начин на живот е специфичен.
Поврзани објави
Рајан Гослинг и Ева Мендез
Ева Мендез обожава да готви и има изјавено дека особено ужива во средувањето и чистењето на станот. Нејзината страст кон чистењето ја претворила во бизнис-проект. Имено, станала сопственик на компанија која произведува антибактериски сунѓери за чистење.
Чистењето има терапевтско дејство за неа.
„Животот е толку хаотичен. Но можам да ги држам домот и кујната под контрола. Па кога мијам садови, тоа е како медитација за мене, ми дава јасност. Чистиот мијалник значи бистар ум за мене“, објаснила актерка.
Децата ги воспитуваат да бидат самостојни и искрени
„Сакам кога моите деца ќе бидат во неволја, и денес и за 10, 20 години, да кажат: ‘Леле, мора да ѝ се јавиме на мама!’, а не: ‘Ооо, не можам да ѝ го кажам ова на мама’“, изјавила Ева Мендез.
„Се трудиме да се поврземе со нив, особено во најтешките моменти, кога им се лутиме“, признала таа.
„Кога бевме во Лондон, одевме на мјузикли, во театар, во музеи, на излети… Но сега, чувствувам дека време е да им ја вратам досадата, но и на себе.
Сакам кога ни е здодевно, тогаш добиваме идеи. Понекогаш е забавно, понекогаш опасно, понекогаш поучно, но сакам и кога ни е здодевно“, заклучила актерката и партнерка на Рајан Гослинг.
ФОТО: Инстаграм