Е.А. Хенкс, ќерката на познатиот актер Том Хенкс и неговата прва сопруга Сузан Дилингем, отворено пишува за нејзиното тешко детство, семејното насилство, менталната болест и обидот да ја разбере трагичната судбина на мајка си во нејзината нова книга „Десет: Мемоари за семејството и отворениот пат“.
Сузан Дилингем, која го користеше уметничкото име Саманта Луиз за време на нејзината кратка актерска кариера, беше првата сопруга на Том Хенкс, а се венчаа во 1978 година. Заедно имаа две деца – синот Колин и ќерката Елизабет Ен, која денес ги користи иницијалите Е.А. Хенкс.
Бракот им траеше до 1985 година, а Сузан почина во 2002 година, на 49-годишна возраст од рак на белите дробови.
Во интервју за People поповод издавањето на книгата на 8 април 2025 година, Е.А. Хенкс зборува за траумата што ја преживеала по разводот на нејзините родители. Таа наведува дека мајка ѝ станала насилна и емотивно недостапна, особено откако ѝ било доделено старателството над неа и нејзиниот брат.
Том Хенкс ги гледал за време на викендите и налето, но Е.А. тврди дека Сузан во еден момент ги преселила децата од Лос Анџелес во Сакраменто без да го извести својот поранешен сопруг.
Тато дојде да нè земе од училиште – а нас не немаше. Излезе дека нè нема две недели и тој мораше да нè бара. Во куќата мирисаше на чад, фрижидерот беше или празен или полн со расипана храна“, рече таа.
Ќерката на Хенкс верува дека нејзината мајка имала недијагностицирано биполарно растројство, што довело до параноја, халуцинации и ненадејни промени во расположението. Во книгата, таа ги опишува годините по разводот како период исполнет со „конфузија, насилство, запоставување и љубов“.
Една ноќ, емоционалното малтретирање се претвори во физичко, и тогаш се преселив кај татко ми во Лос Анџелес, на средина на седмото одделение“.
Поврзани објави
Том Хенкс потоа го презеде основното старателство, додека децата повремено ја посетуваа својата мајка. Со текот на времето, вели таа, тие се оддалечиле.
Во мојата четврта година средно училиште ми се јави да ми каже дека умира.“
Мемоарите на Е.А. Хенкс се резултат на нејзината желба да открие што се крие зад мрачното минато на нејзината мајка. За време на шестмесечното истражување, таа нашла белешки што ги напишала Сузан.
Тоа не беше дневник со датуми, туку повеќе делови од спомените кои ѝ паѓале на ум“, објасни Е.А. во интервјуто.
Во овие белешки, Сузан опишала дека била сведок на грозоморно злосторство како дете – нејзиниот татко наводно силувал, убил и изел мало девојче.
Дури и мал дел од тој црвен дневник да е вистина, тогаш мајка ми никогаш немала шанса да биде нормална“, рече Хенкс.
Таа додава дека тоа можеби било симболичен израз на сопственото злоставување, кое нејзината мајка го доживеала како девојче – нешто што за неа било еднакво на „убивање и јадење“.
Фото: Printscreen Instagram