Познатата водителка повторно во центарот на вниманието – објавата на социјалните мрежи предизвика бројни реакции
Контроверзната и секогаш активна водителка Јована Јеремиќ повторно ги раздвижи социјалните мрежи со својата најнова објава. Таа најави дека семејството Јеремиќ-Станковиќ наскоро ќе биде побогато за уште еден член. Иако не откри за што точно станува збор, нејзината порака ги изненади сите следбеници.
Ќерката ме убеди, а само да знаете – наскоро доаѓа нов член во нашето семејство! Ќе го обожавате, ќе ви биде најинтересен. Не знам дали веднаш да ви откријам што е во прашање“ – рече Јована низ смеа, потенцирајќи дека нејзината ќерка долго ја молела за оваа одлука.
Поврзани објави
Иако не е потврдено дали станува збор за домашно милениче, бебе или нешто трето, обожавателите со нетрпение очекуваат повеќе детали. Јована инаку ужива во љубов со бизнисменот Драган Станковиќ, со кого нејзината ќерка има одличен однос.
Таа има свој татко Војо, но Драган ѝ е како втор татко. Бог ми го испрати во вистински момент“ – раскажа Јована.
printskrin Youtube-Informer