Почетна ЕкономијаТрамп ги покачува царините за Кина на 125%, со 90-дневен прекин за другите земји

Трамп ги покачува царините за Кина на 125%, со 90-дневен прекин за другите земји

од nenad
2 минути читај за

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека „веднаш“ ги зголемува американските тарифи за увоз од Кина на 125 проценти, „поради недостиг на почит што Кина го покажа кон светските пазари“.

Во истата објава на Truth Social, Трамп вели дека „овластил 90-дневна пауза“ за другите земји, наведувајќи дека повеќе од 75 држави се обратиле за да преговараат. Дотогаш, давачките за нив ќе изнесуваат 10 проценти.

„Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, јас со ова ги зголемувам царините што Соединетите Американски Држави ги наплатуваат на Кина на 125%, со важност веднаш. Во некој момент, се надевам во блиска иднина, Кина ќе сфати дека деновите на измамување на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи.“

„Од друга страна, и врз основа на фактот дека повеќе од 75 земји контактирале претставници на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи ги министерствата за трговија, финансии и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, за да преговараат за решение на темите што се дискутираат во врска со трговијата, трговските бариери, царините, манипулацијата со валути и немонетарните тарифи, и дека овие земји, на мој силен предлог, не возвратиле на ниту еден начин, форма или облик против Соединетите Држави, јас овластив 90-дневна ПАУЗА и значително намалена реципрочна тарифа за време на овој период, од 10 отсто, исто така со важност веднаш. Ви благодарам за вашето внимание за ова прашање!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

Претходно денеска, Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни давачки за стоки од САД со стапка од 84 проценти, што е зголемување од 50 проценти во однос на претходните кинески давачки. Одлуката дојде откако САД претходно оваа недела воведе дополнителни 50 проценти царини за кинеска стока. Ова следува по двете претходни мерки, од 34 и 20 проценти, така што вкупната американска царина за кинескиот извоз денеска изнесуваше 104 проценти.