Почетна Убавина и здравјеЛорен Санчез се појавила во првиот од 27-те фустани за венчавката и сите ѝ се смеат – Убавина и здравје

Лорен Санчез се појавила во првиот од 27-те фустани за венчавката и сите ѝ се смеат – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Се зборува дека Лорен Санчез ќе менува по 9 фустани дневно – за секоја церемонија, забава, коктел, настан или вечерен бал

Лорен Санчез се појавила во првиот од 27-те фустани што ќе ги промени за време на тридневната венчавка во Италија. Облечена во морничаво тесен фустан со корсет со потпис на „Скјапарели“, Лорен веднаш го доби епитетот „невестата од Амазон“ на социјалните мрежи, алудирајќи на компанијата на нејзиниот иден сопруг.

Движејќи се со исклучителна мака, Лорен полека влегувала во чамец-такси, каде што ја чекал Џеф Безос. Тој со внимание гледал како се движи неговата сакана, чекајќи да му се придружи.

Познатата двојка три дена ќе го угостува кремот од светската јавна сцена во Венеција, и изгледа уживаат во секој момент.

Биле издвоени 20 милиони долари за оваа свадба, а многумина со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа сето тоа.


Поврзани објави

Додека Џеф се расфрла со пари, неговата поранешна сопруга Скот Мекензи живее нормално и посветена е на една единствена цел – да донира што повеќе од своето богатство во хуманитарни цели.

За сега не е познато дали некое од четирите деца на Џеф Безос и Скот Мекензи ќе присуствува на неговата свадба.

ФОТО: ИНСТАГРАМ