Бившиот фудбалер и сопруг на Јелена Карлеуша влегува во големи бизнис води, со амбициозен проект за изградба на вила со апартмани од пет ѕвезди
Душко Тошиќ, бившиот фудбалски ас и сопруг на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, реши да направи сериозен чекор во бизнисот. По успешниот ресторан во српската престолнина, Тошиќ се впушта во голем проект на Црногорското приморје, каде планира да изгради луксузен комплекс кој ќе ги остави без здив дури и најпребирливите гости.
Проектот вклучува изградба на вила со неколку луксузни апартмани, кои ќе нудат услуги и удобност какви што се вообичаени за хотели со пет ѕвездички. Како што истакнува извор близок на Тошиќ, новиот комплекс ќе има приватен базен, спа центар и ќе биде изграден според највисоките светски стандарди.
Поврзани објави
Тошиќ во оваа инвестиција не влегува сам, туку станал партнер со пријател од бизнис-светот, со кого се познава уште од времето кога играл во Истанбул. Заедно, тие веќе инвестирале милиони евра во проектот. Планираат да создадат објект кој ќе биде спој на луксуз и природна убавина, и го избрале Бококоторскиот залив за оваа привилегирана локација.
Периодот на турбуленции зад себе, Тошиќ го оставил и сега има добри односи со Јелена Карлеуша, со која се посветени на воспитувањето на нивните ќерки. За него, ова не е само бизнис инвестирање, туку начин за одалечување од хаосот на јавниот живот и обезбедување на мирна и стабилна иднина.
printskrin Youtube-telegraf.rs tv