Снимањето на новите емисии на Ѕвездите на Гранд продолжи и вчера, а во еден момент дојде до неочекувана ситуација и студиото остана во мрак, но Драган Којиќ Кеба запеа и со песна ја смири публиката.
Снимањето се одвивало по вообичаен протокол кога во еден момент снемало струја во продукциското студио „Гранд“. Целото студио било во мрак, а Драган Којиќ Кеба, кој седна во жирито наместо Вики Миљковиќ, решил да запее и да ги опушти луѓето кои за момент биле исплашени.
Ајде да пееме!“ – извикал Кеба, кој потоа го отпеал својот хит „Имао сам“, на кој му пеела целата публика, а неговиот настап ги развеселил и колегите од жирито.
Сите од публиката ги вклучиле телефоните и пееле заедно со Кеба, а необичната сцена ја сними водителката на Ана Севиќ и ја сподели со своите следбеници.
Кога ќе снема струја за време на снимањето, Кеба одржува концерт“, напиша Ана.
Поврзани објави
Да потсетиме, Драган Којиќ Кеба моментално е во жирито на Ѕвездите на Гранд на местото на неговата колешка Вики Миљковиќ, која имаше семејна трагедија. На 47-годишна возраст почина братот на Вики, Владица Миљковиќ.
printskrin Youtube/zvezde granda