Почетна Убавина и здравјеНикако не можат да ги зачуваат врските – Убавина и здравје

Никако не можат да ги зачуваат врските – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Осамените жени што немаат воспоставено хармонија самите со себе ги одбиваат мажите, бидејќи лесно се забележува таквата состојба

По прекинувањето тешка врска, многу жени се соочуваат со предизвик при ослободувањето од товарот на минатото и честопати долго го носат тој товар со себе. Сфаќаат дека враќањето во токсичната врска нема смисла, но една од главните причини за тоа е стравот од осаменост. Токму затоа, честопати остануваат заробени во своето емоционално страдање, несвесни дека тие самите се својот најголем сојузник на патот кон преболувањето.

По одредено време, маглата се расчистува и следува спознанието. Сфаќаат дека личноста со која биле има длабоко вкоренети психички карактеристики што не им одговараат. Разбираат дека таа личност нема да се смени, но доаѓаат до клучно сознание – дека тие самите можат да си го променат животот и својот однос кон иднината.

Тоа е момент кога мудроста доаѓа до израз, а Пауло Коелјо, познатиот бразилски писател, кажал мудра мисла на оваа тема:

„Ако не најдете сила да бидете среќни самите со себе, секогаш ќе бидете осамени и зависни.“

Секоја жена треба да тежнее кон постигнување хармонија самата со себе и да се чувствува пријатно, дури и кога е сама. Во спротивно, ќе почне да си го комплицира животот, да чувствува незадоволство и да ги обвинува другите за својата несреќа.

Осаменоста започнува кога ќе се изгубите себеси

Клучно е да преземете одговорност за сопствените одлуки и да не ја префрлате на партнерот, како и да се прифатите себеси таква каква што сте, без премногу да размислувате за минатото. Осаменоста не зависи само од физичкото присуство на другите луѓе, туку и од внатрешното чувство на исполнетост и поврзаност со себеси.


Поврзани објави

Дури и мажените жени со деца, пријатели и роднини може да се чувствуваат осамено, додека постојат и такви што потполно уживаат во својата самотија. Да бидете сами и да се чувствувате добро во својата кожа е знак на голема сила и предност.

Оваа состојба не е трајна и не треба да се плашите од самотијата – напротив може да биде драгоцена можност за личен раст и развој.

„Личноста која се чувствува добро сама со себе, заштитена е од грешки.“

Како осаменоста може да ги одбие мажите?

Жената што не пронашла внатрешна хармонија може потсвесно да ги одбива мажите, бидејќи лесно се препознаваат незадоволството и несигурноста. Мажите природно гравитираат околу жените кои зрачат со самодоверба, мудрост и смиреност. Кога жената ќе помине низ процес на соочување со своето минато, ќе се наполни со позитивни емоции и повторно ќе се пронајде себеси, тогаш ќе пронајде внатрешна виталност и ќе привлече партнер кој ќе ја цени.

Со текот на времето, предизвиците доаѓаат и си одат, децата стануваат возрасни и тргнуваат по свој пат, сопружниците може да се оддалечат или да исчезнат од животот, но од суштинско значење за жените е да се потсетат на својата вредност. Кога ќе ја обноват љубовта кон себе и ќе се ослободат од товарот на минатото, нивниот живот повторно ќе заблеска со нови бои, а среќата ќе се случи како природен резултат на внатрешната рамнотежа.

ФОТО: Kinga Howard / Unsplash