Почетна Убавина и здравјекако да го носите најхрабриот дезен со стил и мерка – Убавина и здравје

како да го носите најхрабриот дезен со стил и мерка – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Леопардскиот дезен со години имаше репутација на „премногу нападен“ и резервиран само за оние што сакаат да привлечат внимание. Но современата мода му даде нова улога – денес леопардот се смета за модерен неутрален, дезен што лесно се вклопува во различни стилови, од елегантен до секојдневен.

Тајната е во умереноста

Клучот за совршен леопардски стајлинг лежи во умереноста и паметното комбинирање. Наместо комплетен аутфит во овој дезен, доволно е едно впечатливо парче кое ќе биде фокусот на комбинацијата. Така ќе се истакнете, без да изгледате пренападно.

Најдобро е леопардот да се комбинира со едноставни кроеви и еднобојни парчиња во неутрални нијанси – беж, црна, темнокафена или крем. Тие му дозволуваат на дезенот да дојде до израз, а истовремено ја задржуваат елеганцијата.

Трендови за оваа сезона

Поврзани објави

Оваа есен и зима особено се актуелни меките ткаенини со леопардски дезен – волна, вештачко крзно и свила. Леопардскиот капут или јакна се апсолутен хит и претставуваат совршен спој на гламур, топлина и самодоверба. Тоа е парче што може целосно да го подигне и наједноставниот аутфит.

За оние што преферираат поопуштен стил, леопардските панталони или здолништа се одличен избор за дневен изглед. Комбинирајте ги со џемпер во неутрален тон, едноставна чанта и чизми до глужд – резултатот е модерен, женствен и ненаметливо впечатлив.

Дезен што никогаш не излегува од мода

Леопардот е доказ дека некои трендови само ја менуваат формата, но никогаш не исчезнуваат. Кога е носен со стил и баланс, овој дезен зрачи со самодоверба и софистицираност. Затоа, ако сакате да внесете доза карактер и храброст во вашите комбинации – леопардот повторно е вистинскиот избор.

Текст: Марија Лукаревска