Јон Фрчкоски, шефот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, се повлече од својата позиција во партијата, откако ВМРО-ДПМНЕ денес на прес-конференција обелодени информации дека тој употребува наркотички средства.
Во оставката, за која извести и преку Фејсбук, Фрчкоски наведе дека ја поднесува од етички причини.
“Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ, но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ”, пишува во неговата објава.
Претходно, на прес-конференција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го повика Јон Фрчкоски да даде одговор дали користи опојни супстанци.
бак/дма/Фото: МИА архива .
Извор: МИА