Почетна ЕкономијаКинески карго бродови кон Европа ќе пловат преку Арктикот

Кинески карго бродови кон Европа ќе пловат преку Арктикот

од nenad
1 минути читај за

Од оваа недела, товарните бродови на кинеската компанија „Си леџенд“ (Sea Legend) ќе оперираат по директна линија до Европа преку Арктикот, што значително ќе го скрати периодот на достава речиси за половина.

„Си леџенд“ ќе ја искористи арктичката рута со цел да го редуцира времетраењето на транспортот и да ги намали емисиите на јаглерод за 50%, и ова ќе биде нивно прво патување по Арктичкиот Океан на линијата од пристаништето Нингбо Жоушан.

Бродот „Истанбул бриџ“ (Istanbul Bridge), кој е веќе натоварен, треба да отплови на 24 септември од пристаништето Нингбо Жоушан кон Феликстоу, најголемото товарно пристаниште во Велика Британија, преку арктичката морска рута.

Се очекува патувањето да трае 18 дена, а пристигнувањето на бродот во британското пристаниште е предвидено за 10 октомври.

Бродот „Истанбул бриџ“ официјално ќе ја отвори првата експресна рута за карго транспорт Кина – Европа преку Арктикот.

Пристаништето Нингбо Жоушан минатата година воведе линија за брза достава на производи до германското пристаниште Вилхелмсхафен. На бродовите им се потребни 26 дена за да стигнат до Германија.