Почетна Економија(ВИДЕО) Филип Илијев од Кочани дошол од дома со татко му за да помагаат во дискотеката, има важна порака за сограѓаните

(ВИДЕО) Филип Илијев од Кочани дошол од дома со татко му за да помагаат во дискотеката, има важна порака за сограѓаните

од nenad
1 минути читај за

Филип Илијев од Кочани бил дома кога избувнал катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но кога разбрал што се случува, веднаш го разбудил неговиот татко и отишле да помагаат. Двајцата цела ноќ им давале прва помош на повредените и ги носеле во болница.

Во видео за SupportKochani, Илијев упати и апел до сограѓаните да не ги прашуваат и да не ги потсетуваат на тој настан луѓето кои биле присутни во дискотеката кобната ноќ затоа што може да дојде до психолошки пореметувања, панични напади и други последици. „Сликата беше страшна… Луѓето изгледаа… не знам како да опишам, немам зборови со кои ќе се опише тоа“, вели Илијев.