Почетна Убавина и здравјеПожарот во „Пулс“ ја проширува истрагата за Ласкарци и тетовската модуларна болница

Пожарот во „Пулс“ ја проширува истрагата за Ласкарци и тетовската модуларна болница

од nenad
1 минути читај за

Мицкоски најави темелна истрага за сите трагедии и одговорност без партиска заштита

Премиерот Христијан Мицкоски најави проширување на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, со целосно преиспитување и на трагедиите во тетовската модуларна болница и автобуската несреќа кај Ласкарци. Тој нагласи дека истрагите ќе бидат темелни и дека нема да има поштеда за никого, без разлика на политичката припадност.

Во своето гостување на телевизија Сител, Мицкоски истакна дека сите аспекти на овие случаи ќе бидат разгледани, вклучувајќи ја и одговорноста на институциите кои издале дозволи, контролирале јавни набавки или пропуштиле да спречат можни опасности. Според него, ова е „битка за опстанок“ и расчистување со мафијашките структури во државата.

Паралелно со ова, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека истрагата за пожарот во Кочани се проширува, а досега се опфатени 26 лица.


Поврзани објави

Завчера беше изречен 30-дневен притвор за седум полициски службеници од Кочани и Штип, осомничени дека незаконски издале дозволи за работење на дискотеката „Пулс“.

Обвинителството најавува дополнителни истражни дејства, вклучувајќи претреси во институции и кај лица поврзани со несреќите.

Основниот суд во Кочани веќе го продолжи притворот за 16 осомничени, а Мицкоски порача дека „нема запирање“ и дека сите кои придонеле за овие трагедии ќе одговараат.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб