Титулата „Мис Москва – 2023“ ја освои Анџелина Бреженскаја, која во битката за круната победи 33 ривалки од различни градови на земјата. Нејзините пропорции на тело се : 92–60–90 сантиметри, а висока е 171 сантиметар. Во октомври, убавицата ќе настапи на натпреварот за убавина на Русија, што ќе се одржи во Сочи.
Познато е дека Анџелина се школувала на Руската академија за национална економија, ја освоила номинацијата за избор на мис на публиката на натпреварот за убавина во Саратов и била водителка на ТВ каналите Music Box и Friday.
Поврзани објави
Љубопитните веднаш почнаа внимателно да го анализираат изгледот на новата „Мис Москва“ и да се сомневаат во пластични интервенции. Велат дека некогаш Бреженскаја изгледала поинаку, имала полни образи, нежни црти и различна форма на носот. Сега таа привлекува внимание со спектакуларното тело, совршени црти на лицето, истакнати јаболчици и грациозни облини.
Како и да е, ќе се согласите дека е преубава