Почетна Убавина и здравјеОсомничени полицајци и службеници за дозвола на дискотеката „Пулс“

Осомничени полицајци и службеници за дозвола на дискотеката „Пулс“

од nenad
1 минути читај за



Седум лица од СВР Штип и Кочани се осомничени за кршење на безбедносните стандарди, што доведе до трагедија во која загинаа 59 лица

Истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 59 лица, а 196 се повредени, се шири и на полициските редови. Седум раководители и службеници од СВР Штип и полициската станица во Кочани се осомничени за тешки дела против општата сигурност. Тие овозможиле работа на ноќниот клуб кој не ги исполнувал законските услови, што довело до трагичната несреќа.

Осомничените како соизвршители, изготвиле и потпишале позитивна согласност за издавање лиценца на угостителски објект, иако не исполнувал минимални технички услови. На 16.03.2025 година, објектот во кој работел клубот, се запали и се случи трагедија“, соопштија од Обвинителството.


Поврзани објави

Според потврдата од министерот за внатрешни работи Тошковски, осомничените полицајци ја потпишале и испратиле телеграмата без да ги наведат сериозните нарушувања на јавниот ред и без целосни податоци.

Истрагата продолжува, а во неа е вклучено и раководно лице од Министерството за економија.

Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб