Префрлени повредени во Ниш
Двајца од повредените во трагичниот пожар во Кочани, попладнево беа префрлени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Според информациите од Клиничкиот центар, пациентите, на возраст од 18 и 24 години, се на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни.
Поврзани објави
Во моментов, три лица повредени во пожарот во Кочани се хоспитализирани во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, додека вкупно 30 пациенти се лекуваат во воени и цивилни здравствени установи. Состојбата на пациентите се следи внимателно, но сите се во стабилна состојба.
Фото: принтскрин социјални мрежи и Јутјуб