Многу туристи не знаат за ова правило кое важи во Грција преку цело лето
Грција ги потсетува сите туристи на правилата што задолжително мора да се почитуваат ако одите во оваа земја.
Станува збор за таканаречените „мирни часови“, чија примена настапува на сила од 1 април и трае сè до 30 септември. Целта е да се заштити мирот на жителите за време на топлите месеци.
Според наредбите на полицијата, споменатите „мирни часови“ ги подразбираат следниве периоди:
- Попладневен мир: од 15 до 17.30 часот
- Ноќен мир: од 23 до 7 часот.
Што сè е забрането?
Надлежните во Грција строго ги забрануваат следниве активности во овој временски период…
Поврзани објави
- Бучни поправки и реновации. Исклучоци се итни случаи, со посебна дозвола за локални и комунални работи.
- Свирење инструменти, гледање телевизија со гласен тон, викање, бучно танцување и кои било други активности што можат да ги вознемират жителите во станбените простори.
- Пеење, викање и свирење инструменти на јавни места, како улици, трговски центри и превозни средства.
- Правење бучава во кафулиња, простории за забава или други јавни центри, како и интензивни расправии меѓу гостите.
- Гласни расправии на постојки за градски превоз, утовар и истовар на роба и бучна работа на моторни возила на стојалиште.
- Употреба на сирени и други звучни сигурносни системи, без вистинска опасност, вклучувајќи и нивна пробна употреба.
Строги казни
Прекршувањето на овие правила во Грција повлекува сериозни последици: затворска казна до 5 месеца или висока парична казна, како алтернативна санкција.
Грчките власти ги третираат „мирните часови“ како сериозна мерка за зачувување на јавниот ред, особено во летните месеци, кога бројот на туристи го достигнува врвот.
За туристите кои планираат летување во Грција, почитувањето на мирните часови е задолжително, без разлика дали сте во приватно сместување, хотел или на јавно место. Сопствениците на сместувањата се должни да ги информираат гостите за овие правила, за да одбегнат казни и непријатности.
ФОТО: Johnny Africa / Unsplash