Почетна Убавина и здравјеПејачот Огнен Здравковски „удри“ по корисниците на социјалните мрежи – Убавина и здравје

Пејачот Огнен Здравковски „удри“ по корисниците на социјалните мрежи – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

„Загинаа луѓе, се зацрнија фамилии, а вие опуштени ставате постови и сториња од шетање, славење родендени…“

Во период на денови на жалост, постојат одредени непишани правила што сите треба да ги почитуваме, како на пример, да не пуштаме музика, освен класична и да се воздржуваме од објавување забавни содржини на социјалните мрежи.

Сепак, сведоци сме дека одредени поединци не се придржуваат до овој етички кодекс на однесување, со што на некој начин го изразуваат своето непочитување кон трагичната ситуација во која моментално се наоѓа целата држава.

Многу јавни личности секојдневно апелираат да се внимава на овие работи и да се покаже поголема емпатија, а некои од нив и отворено го искажуваат својот револт.


Поврзани објави

Пејачот Огнен Здравковски го изрази својот став на оваа тема на својот фејсбук-профил и остро ги осуди сите што немаат обѕир кон туѓото страдање, дури и им се закани со блок…

„Имате ли, бе, барем малку човечност, малку осет и барем малку емоција во вас!?!?! Загинаа луѓе, се зацрнија фамилии, а вие опуштени ставате постови и сториња од шетање, промовирање музика, славење родендени… 7 дена на жалост, бе, АЛО… Плаче и жали цел свет, Македонија… Луѓе уште се борат за своите животи… Засрамете се и нека ви служи на чест (ама вие сте бесрамни и нечувствителни)! Сè што ќе видам следно што не е поврзано со ситуацијата, оди директно на БЛОК, ама прво ќе ве објавувам јавно!!!“, напиша револтираниот Огнен во својот статус.

Неговиот статус веднаш доби поддршка и од други наши јавни личности, како Димитар Андоновски и Марко Новески, а многумина се огласија и во коментари.