Синот на Цеца сподели емотивен момент од видео-повик со семејството и разнежни многумина.
Велјко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, се огласи од Русија каде што живее извесно време. Тој на социјалните мрежи покажа колку е исполнет по разговорот со мајката и со својот најстар син Жељко.
Велјко последниот период речиси целосно се повлече од јавноста и социјалните мрежи, посветувајќи се на тренинзите и приватниот живот. Иако ретко објавува, деновиве сподели неколку фотографии од тренинзи, а денес и скриншот од видео-повик со семејството.
Поврзани објави
На фотографијата се гледа како Цеца и Велјко не го тргаат насмевката од лицето, додека малиот Жељко седи во скутот на баба си и радосно го гледа татка си. Објавата предизвика многу позитивни реакции и емотивни коментари.
Инаку, Велјко претходно истакна дека инсистира неговите деца мајка му да ја ословуваат со „баба“, а не по име. Да потсетиме, неодамна беше објавено и дека успешно се опоравил од повреда на грбот и дека се враќа во полна форма.
printskrin youtube – meridijan veljko raznatovic