Почетна Убавина и здравје(Поучна приказна) Зошто кај некои семејства царува среќата, а кај други не?

(Поучна приказна) Зошто кај некои семејства царува среќата, а кај други не?

од nenad
1 минути читај за

Еднаш еден млад човек му поставил прашање на еден мудрец:
– Ти си мудар човек, сите те почитуваат и бараат совет од тебе. Те молам, кажи ми зошто во твоето семејство царува среќата? Која е тајната?

Мудрецoт се насмевнал и рекол:
– Дојди кај мене дома, биди мој гостин. Жена ми ќе приготви домашен колач.

Отишле заедно во домот на мудрецот и седнале во дневната соба. Мудрецот ја повикал неговата жена. За кратко време во собата влегла убава и мила жена која делувала навистина среќно.

– Да, драги, повели!
– Мила, те молам приготви го тесто за твојот прекрасен колач.
– Добро, веднаш. – одговорила жената.
По некое време таа се вратила во гостинската и соопштила дека тестото е подготвено.
– Сега додади од нашето најубаво масло и од оние вкусни ореви што ги чуваме за посебни пригоди.- продолжил мудрецот.
– Добро – повторно одговорила жена му.

Таа се вратила по десет минути, а сопругот и ги дал следните инструкции:

продолжува на следната страна