Жанина вели дека не ѝ е јасно зошто ја задржале на аеродром, кога таа не е криминалец, единство заборавила повторно да се слика за пасош по 20-те естетски корекции што ги направила
Жанина Пресерис има 35 години и многумина сметаат дека е најубавата жена на планетата. Но повеќето не знаат дека оваа жена подлегнала на трендот на разубавување со пластична хирургија, па имала околу 20 корекции за да добие поголеми усни, помал нос, изразени јаболчни коски и бујни гради.
Сето тоа резултирало со тоа што не ја препознале на аеродром кога им ја покажала сликата од пасошот.
Оваа Португалка потрошила повеќе од 758.000 фунти за да си го промени изгледот, а полицајците ја задржале 40 минути, барајќи ѝ да го докаже својот идентитет.
Таа повеќе пати имала пластични операции на носот и за затегнување на лицето, што ја чинело околу 66.000 фунти, како и низа други зафати.
„Отсекогаш знаев дека би можело да се случи ова во некој момент, бидејќи мојот изглед многу се има променето низ годините“, открила манекенката.
Поврзани објави
Сепак, се шокирала кога ја сопреле, бидејќи не направила никаков прекршок.
„Полицајците ми поставија неколку прашања, дури и ја споредуваа мојата фотографија со други слики пред да ми одобрат влез во земјата“, додала таа.
Инцидентот се случил минатиот месец во Сао Паоло.
На фотографијата од пасошот се гледа дека Жанина имала низа корекции на лицето, бидејќи изгледала сосема поинаку пред сите операции. Решила повторно да се фотографира за пасош, бидејќи не сака нови промени. Но со оглед на тоа колку често го менува својот изглед, можеби наскоро ќе ѝ се случи истата ситуација.
Неодамна „Плејбој“ ја прогласија за најубава, а таа тврди дека совршенството има своја цена. Погледнете како изгледа на сликата од пасошот ТУКА.