Почетна Убавина и здравјеЖените масовно подигнуваат кредити за да се оперираат во Турција! – Убавина и здравје

Жените масовно подигнуваат кредити за да се оперираат во Турција! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Естетскиот туризам процвета во Турција, а процветаа и сите жени што заминале таму за да направат комплетна трансформација

Сѐ повеќе жени заминуваат во Турција за да направат естетски корекции. Естетскиот туризам толку е развиен во Турција, што дамите масовно заминуваат таму за да се разубават.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Турција стана една од главните светски дестинации за медицински туризам, особено поради ниските цени во споредба со Западот, квалитетните хирурзи и модерните клиники, како и пакетите кои вклучуваат операција, сместување и превоз.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Има разни пакети за естетски туризам, но повеќето подразбираат: превоз од аеродром до хотел, 5 дена сместување во хотел со полн пансион, естетска операција, грижа за пациентот, превоз до клиниката, превоз од клиниката до хотелот, а потоа и до аеродром. Еве колку чинат најчестите естетски операции…


Поврзани објави

ФОТО: Принтскрин Инстаграм
  • Трансплантација на коса: околу 1800 евра.
  • Зголемување на градите: околу 2500 евра.
  • Липосукција: околу 1900 евра.
  • Блефаропластика (операција на очните капаци): околу 1400 евра
  • Ринопластика (операција на носот): околу 1800 евра.
  • Абдоминопластика (затегнување на стомакот): околу 2800 евра.
  • Липофилинг на задникот: околу 2700 евра.
  • Спуштање на линијата на челото: околу 1400 евра.
  • Желудочен балон: околу 2200 евра.
  • Пенопластика: околу 1500 евра.

Овие цени се рамковни и можат да варираат во зависност од клиниката и искуството на хирургот.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм

Сепак, многумина се подготвени да платат и многу повеќе за да ги избришат годините од лицето или да го сменат личниот опис. Што мислите вие за овој тренд?

ФОТО: Принтскрин Инстаграм