Table of Contents
Дознајте кој е единствениот природен рецепт за прочистување на замастен црн дроб
Замастениот црн дроб е сè почест здравствен проблем во денешно време. Една од главните причини за појава на замастен црн дроб е нездравата исхрана и стил на живот.
Дознајте што доведува до замастен црн дроб и како би требало да се храните за да го прочистите.
„Тивка болест“
Замастениот црн дроб е масивна болест. Не се третира така, па затоа докторите ја нарекуваат тивка болест. Во првата фаза, таа нема симптоми и ништо не боли. Кога ќе дојде до посериозна фаза, може да премине во цироза и тогаш станува многу сериозно. Замастениот црн дроб најчесто се појавува кај луѓе со вишок килограми, со шеќерна болест, кај алкохоличари, кај оние што пијат многу лекови, кај оние што имале хепатит Ц или некои други вируси, во случај на зголемен број на бактерии во цревата…Се појавува и кај оние што пијат многу кафе и консумираат многу шеќер.
Замастувањето на црниот дроб се случува кога маснотиите ќе надминат 5 отсто. Замастениот црн дроб е одговор на организмот на нашето неодговорно однесување кон самите себе. На тој начин црниот дроб се брани од неправилната исхрана, од внесувањето многу пестициди, од пиењето алкохол. Таа се брани така што произведува маснотии за да се заштити.
Поврзани објави
Симптоми во поодмината фаза
Кога веќе ќе премине во подоцна фаза, се појавуваат болки во црниот дроб, зголемен црн дроб, болки под десните ребра, потоа, јадеж, жолтило на лицето, на кожата, а кај потешки случаи се појавува и вртоглавица и губење на разумот.
Правилната исхрана како најсоодветна терапија
Најсоодветната терапија за замастен црн дроб е правилната исхрана. Треба да внесувате многу влакна, да не јадете пржена храна, да не јадете похувана храна, да одбегнувате трансмасти, да јадете многу јаткасти производи, да јадете лен, овошје и свеж зеленчук. Тоа е единствениот рецепт за прочистување на црниот дроб. Црниот дроб се чисти долго, но тоа е единствениот начин за да се врати во нормала.
ФОТО: julien Tromeur / Unsplash