Почетна Убавина и здравјеВечер на љубов, солзи и искрени аплаузи – Убавина и здравје

Вечер на љубов, солзи и искрени аплаузи – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Несомнено е дека ова беше концерт за којшто долго ќе се зборува

Македонската филхармонија во Скопје одекна од музичката магија на црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ, кој одржа дури два концерта, на 17 и 18 јуни, за своите лојални и посветени обожаватели. 

Од првата нота, публиката беше на нозе — со аплаузи, солзи и насмевки, атмосферата беше емотивна, интимна и исполнета со љубов. Сергеј умешно ја балансираше својата сензитивност со шарм, изведувајќи ги баладите од последните 25 години кариера. 

Во еден момент кажа:

„Жалам по Универзална што веќе ја нема, но вие сте истата добра публика“— реченица со која го допре срцето на скопската публика и ја нагласи блискоста меѓу него и луѓето собрани во филхармониската сала.


Поврзани објави

Музичките моменти беа збогатени и со интерактивни моменти: Сергеј покани парови да танцуваат, пееше долу меѓу публиката и создаде вистински спектакл за паметење.

Несомнено е дека ова беше концерт за којшто долго ќе се зборува: преполна сала, неколку биса и силни емоции кои за многумина ќе останат незаборавни.

ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ