Почетна Убавина и здравјеГи крие брчките, го омекнува изгледот, женствена е и лесно се одржува – Убавина и здравје

Ги крие брчките, го омекнува изгледот, женствена е и лесно се одржува – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Добрата фризура и умерената шминка можат да ја подмладат жената, и тоа за неколку години

Жените постари од 60 години најчесто потпаѓаат под притисокот на стереотипите, па ја потстрижуваат косата многу кратко, поради што ја губат свежината и убавината.

Косата на жените значително се менува за време на менопаузата: склона е на кршење, пукање и истанчување. Па затоа, првиот чекор е да се отиде на доктор и да се добие совет во врска со одредени суплементи. Здравјето е на прво место.

Кога ќе ги регулирате хормоните и ќе си ги вратите густината и квалитетот на косата, најдобро е да ја стилизирате онака како што најмногу ќе му прилега на вашиот облик на лице.

Меѓутоа, фризерите веруваат дека степенесто потстрижаната коса е најдобриот избор за жените постари од 60 години. Освен што убаво паѓа околу лицето, мора редовно да се одржува на фризер, а со самото тоа, ќе имате поквалитетна и посредена коса.


Поврзани објави

Слоевитиот боб може да се стилизира без лак и совршен е за жени постари од 60 години. Меките бранови даваат волумен и се поместуваат со секое движење, создавајќи младешки изглед кај жените. Дури и благо разбушавената коса изгледа совршено кај оваа фризура.

Набавете и некои големи и модерни очила за сонце и претворете се во вистинска дива!

ФОТО: TRAVIS NESBITT / Unsplash