Кога ќе го научите детето на ова, можете да го пуштите во светот со мирна совест
Рускиот психолог Нина Рубштејн открила како правилно треба да се воспитуваат децата. Според неа, најважно е образованието.
„Целта на образованието е да го научите детето да реши 3 проблема:
1. Како да излезе на крај со своите емоции.
2. Како да си обезбеди сè што му треба.
3. Како самостојно да функционира во општеството.
Ако сте родиле дете, вие како родител сте обврзани да го научите да ги реши овие 3 задачи.“
Многу родители се опседнати со идејата дека нивните деца треба да им бидат рамноправни. Тоа е многу опасна идеја за психата на децата, вели психологот. Правото на еднаквост доаѓа со еднаквите можности, што го овозможува само работата.
„Ако вашето дете не го сфати тоа, ќе биде осудено на постојан општествен неуспех. Сè додека вашето дете верува дека ви е рамноправно, а притоа не мора ни да мрдне со прст за да ги реши трите горенаведени проблеми, осудено е на пропаст. Идејата за рамноправност создава илузија во умот на детето дека има ист авторитет како и неговите родители, а тоа е невозможно.“
До 21-вата година од животот, детето треба да ги научи овие едноставни вистини:
1. Никому не му должи ништо.
Поврзани објави
2. Правилата ги поставува оној што плаќа.
3. Единственоста и генијалноста се основата за развој на самопочит и гордост, но во реалниот живот овие особини немаат никаква тежина.
4. Вистинската тежина на личноста ѝ ја даваат нејзините вештини – да гради социјални интеракции и да ги продава своите производи и услуга. Тоа се вештини што носат вистински резултати, во вид на комплетна финансиска и психолошка слобода и независност од другите луѓе.
5. Обидите рамноправно да комуницира со оние што го плаќаат и ги решаваат неговите проблеми се безобразни. Ако сакате да поставувате свои правила, платете.
6. За да можат другите луѓе да ги почитуваат вашите граници, вкусови и потреби, мора да го заслужите тоа со свој придонес кон заедничкиот интерес и заедничкиот буџет. Власта не паѓа од небо.
7. Развојот е најбрз во условите што моментално ги имаме. Идеалните услови водат кон деградација, а не развој и ако брзо сака да стане свој човек, мора да ги прифати условите на игра такви какви што се сега, со сите ограничувања и проблеми.