Почетна Убавина и здравјеГо препознавате ли девојчето? Денес полни арени и клубови низ Балканот! (ФОТО)

Го препознавате ли девојчето? Денес полни арени и клубови низ Балканот! (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Фотографијата стана вирална, а изненадувачки е која пејачка се крие зад овие зелени очи

Фотографија од едно мало девојче кое си игра со лего коцки ги освои социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и претпоставки. Со крупни зелени очи и неодолива насмевка, ова девојче денес е една од најбараните музички ѕвезди на Балканот.

Станува збор за Теа Таировиќ – пејачка која со години наназад ги полни клубовите, но и најголемите арени. Освен со пеење, Теа се занимава и со пишување текстови, а нејзината популарност кај младите расте од ден на ден.

printskrin Youtube-blic tv


Поврзани објави

Фотографијата потсетува на едно поедноставно време, но јасно ја открива харизмата што Теа ја носи уште од дете.

Да потсетиме, Теа Таировиќ вчера стапи во брак со својот партнер Иван, а повеќе детали од нивната бајковита свадба можете да прочитате на нашиот портал.

printskrin Youtube-blic tv