Џенифер Лопез и Бен Афлек многумина ги сметаа за еден од најубавите парови, но, за жал на многумина, им пропадна вториот обид да ја спасат својата љубов. Тие се официјално разведени.
Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек официјално се разведоа во петокот, откако судот во Лос Анџелес ја потврди нивната разделба. Тие беа во брак од 2022 година, а во август 2024 година пејачката поднесе барање за развод.
Таа тогаш изјави дека се разделила пред повеќе од една година и дека ова не бил прв неуспешен обид да ја зачуваат нивната љубов.
Официјалниот развод стапи на сила на 21 февруари, шест месеци откако Џеј Ло ги поднесе документите. Во септември се договорија и ја избегнаа судската битка низ која вообичаено минуваат познатите парови, а која може да трае со години.
Џенифер Лопез потврди дека на нејзината љубовна врска дефинитивно ѝ дојде крајот со отстранување на презимето Афлек од своето име. Познато е дека ниту еден од нив нема да плаќа алиментација бидејќи немаат заеднички деца.
Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Бен Афлек
Тие беа вљубени од 2002 до 2024 година, а актерот дури ѝ ја запроси латино-дивата во 2003 година. Бракот не се случи, иако Џенифер му кажала „да“ и го стави дијамантски прстен на својот прст, за кој Афлек платил дури 1,2 милиони долари.
Поврзани објави
Три часа пред свадбената церемонија, која требаше да се одржи на 14 септември 2003 година, Бен Афлек ја откажа венчавката, а тоа го соопштија во заедничка изјава.
Џенифер често нагласувала дека тоа ѝ бил најтешкиот период во животот, дека е длабоко повредена и разочарана и дека никогаш повеќе во животот нема да контактира со него. Сепак, животот е непредвидлив…
Никој не ми го скрши срцето како тој. Бен ми беше пријател, се познававме со години. Навистина го сакав многу”, рекла таа еднаш.
Тие беа омилениот пар на Холивуд и со љубов ги нарекуваа „Бенифер“, па нивното смирување речиси дваесет години подоцна беше инспирација за многумина, кои во нив видоа трошка надеж и спас за нивните скршени срца и „неостварена“ љубов.
И така, една убава љубовна приказна, како оние од романтичните филмови кои ни кажуваат дека вистинската љубов не познава граници и дека ни времето што минува не ѝ може ништо, повторно има тажен крај и уште еднаш ги скрши срцата на многумина…
Фото: Инстаграм