Наоми Кембел прошета на пистата за ревијата на DSquared2 на модната недела во Милано и уште еднаш покажа дека ниту една манекенка не ѝ е рамна и во шестата деценија.
Славната манекенка Наоми Кембел (54) се прошета на модната писта во Милано и едноставно ги остави сите без здив.
Таа неодамна првпат ги покажа своите деца, кои досега успешно ги криеше од јавноста, па нивните имиња се’ уште не се познати.
Наоми е една од најпознатите манекенки, припадничка на златната генерација, но никој не очекуваше дека ќе биде олку неприкосновена, а дека и неколку децении помладите девојки сè уште не можат да го заземат нејзиното место.
Поврзани објави
Црната пантерка, како што инаку ја нарекуваат Наоми, прошета во кожено боди и високи чизми и уште еднаш ја покажа својата неверојатна фигура, долгите нозе и смелото чекорење, кое ѝ донесе голем успех низ годините.
Фото: Инстаграм