Table of Contents
Чистата куќа без домашна помошничка е незамислив поим за многумина, но со помош на добра организација, вашиот дом лесно може да заблеска и без поголем напор
Што треба да се чисти и како за да ви биде домот среден секој ден? Ова се навиките за чистење што треба редовно да ги практикувате…
Секој ден се чисти:
1. Наместете го креветот.
2. Пребришете ја бањата.
3. Пребришувајте ги кујнските површини по секое јадење.
4. Мијте ги садовите.
5. Прередете ги училишните книги (ако имате дете) и работните документи.
6. Здиплете ја облеката што вашите домашни ја носеле во текот за денот (она што е за перење ставете го во машина, а другото вратете го на место)
7. Поминете ја дневната соба, кујната и ходникот со правосмукалка.
8. Исперете ја валканата облека, соберете ја и средете ја чистата облека.
Еднаш неделно се чисти:
1. Исчистете ја со правосмукалка целата куќа, секоја соба и агол.
2. Избришете го секој дел од мебелот.
3. Исперете ги и сменете ги крпите и постелнината.
Поврзани објави
4. Пребришете ги подовите.
5. Испразнете ја кантата за ѓубре.
6. Пребришете ги кујнските плакари.
7. Темелно исчистете ја бањата од подот до таванот.
8. Пребришете ги столчињата и трпезаријата во кујната.
9. Детално пребришете го и исчистете го секој дел од кујната – шпорет, фрижидер, микробранова.
Еднаш месечно исчистете:
1. Средете ја гаражата.
2. Исчистете ги прозорците и балконите.
3. Исчистете ги вратите, прекинувачите и лустерите.
4. Длабински исчистете ги машината за садови и машината за перење алишта.
5. Измијте ги кантите за отпадоци.
6. Исчистете со правосмукалка под и околу креветот на којшто спиете, превртете го душекот, па целиот пребришете го и поминете го со правосмукалка.
ФОТО: Pixabay