Почетна Убавина и здравјеЈа уништуваат цревната флора и дебелеат – Убавина и здравје

Ја уништуваат цревната флора и дебелеат – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Важно е да знаете дека не се сите млечни производи еднакво корисни за организмот

Многу лекари истакнуваат дека редовната консумација на ферментирани млечни производи, богати со корисни бактерии за цревната микрофлора, се основата на здравиот живот и правилната исхрана.

Сепак, одредени ферментирани млечни производи може да имаат негативно влијание врз здравјето, па треба да ги консумираме внимателно. Следнава листа на млечни производи, наместо да го подобрат здравјето, можат да нанесат повеќе штета одошто корист.

Јогурти со адитиви

Јогуртите што содржат разни вештачки додатоци не се вистински млечни производи, бидејќи содржат значително повеќе јаглехидрати одошто природни ферментирани млечни производи. Додатоците како шеќер, арома и вештачки засладувачи можат негативно да влијаат врз апсорпцијата на калциум, а истовремено го зголемуваат шеќерот во организмот. Поради тоа, ваквите јогурти повеќе потсетуваат на слатки одошто на здрави млечни производи.

Млечни производи без масти


Поврзани објави

Иако многумина сметаат дека производите со намалена содржина на масти се поздрави и подиетални, вистината е комплетно поинаква. За да се постигне соодветната текстура кај овие производи, честопати им се додава скроб, кој е богат со калории и може да има сличен ефект на организмот како јаглехидратите. Освен тоа, млечните производи без масти не даваат чувство на ситост, туку можат да го зголемат апетитот така што ќе ги покачат нивоата на шеќер во крвта, што може да доведе до прејадување и проблеми со телесната тежина.

Масна павлака

Павлаката со висок процент на масти (25-30%) спаѓа во тешко сварливи намирници што можат да ги оптоварат панкреасот и црниот дроб. Сепак, тоа не значи дека треба комплетно да ја исфрлите од исхраната, туку препорачливо е да одбирате варијанти со помал процент на масти (10-15%), за да одбегнете дигестивни проблеми и да го намалите ризикот од појава на гастроинтестинални заболувања.

Заклучокот на експертите е дека најважни се умерената консумација и внимателниот избор на ферментирани млечни производи. Вистинскиот избор може да придонесе за здравјето, додека лошиот може да има спротивен ефект.

ФОТО: The Humble Co. / Unsplash