Почетна Убавина и здравјеПокрај Тимоти, Кајли изгледа како горда мајка што го придружува синот на матура – Убавина и здравје

Покрај Тимоти, Кајли изгледа како горда мајка што го придружува синот на матура – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Можеби нареден пат би требало да одбере помалку нападен, а поелегантен стајлинг, бидејќи вака повеќе личи на горда мајка, отколку на негова девојка

Кајли Џенер на годинешното доделување награди БАФТА одлучила да го прескокне црвениот килим, но за жал, нејзиниот моден избор не успеал да го сокрие нејзиниот очигледен проблем – покрај Тимоти Шаламеј, таа изгледала како да го придржува на матурска вечер, и тоа во улога на горда мајка.

Нејзиниот црн, премногу светкав фустан со длабок изрез и висок шлиц изгледал како очаен обид за гламур, што не успеал. Наместо да изгледа софистицирано, Кајли оставила впечаток дека премногу се труди за да биде во тренд, но ја промашува поентата. Сребрените потпетици и дијамантските обетки дополнително го оптовариле изгледот, кој и онака бил премногу нападен.

Строгата пунџа можеби требало да даде доза на елеганција, но наместо тоа, направила Кајли да изгледа уште постаро во споредба со својот младолик партнер. Нејзиното лице, совршено „испеглано“ со тешка шминка, дополнително го нагласил јазот помеѓу неа и Тимоти, кој се појавил во едноставен црн костим со дијамантски ѓердан и изгледал свежо, младо и модерно.


Поврзани објави

Покрај него, Кајли изгледала како постара спонзорка која го поддржува во кариерата, наместо како девојка која би можела да му парира во стилот и харизмата.

Ако целта ѝ била да се истакне – успеала, но на комплетно погрешен начин.

ФОТО: Инстаграм