Исповед на девојка која не може да се помири со тоа дека татко ѝ ја изневерувал мајка ѝ додека таа се борела со рак
„Додека мајка ми умираше од рак во болница, непосредно пред Божиќ, татко ми имаше афера со една од нејзините пријателки. Бесна сум на него и тоа ме спречува да тагувам по мајка ми“, напишала една читателка за британскиот The Sun, па продолжила.
„Имам 27 години, а татко ми има 52. Мајка ми почина на 53 години по долга борба со рак на дојка. Татко ми никогаш не научи да се справи со оваа ситуација, не знаеше што да каже ниту што да направи.
Мислам дека неговата афера започна една година пред смртта на мајка ми, кога повторно ѝ се врати канцерот. Секогаш излегуваш од работа во чудно време или го исклучуваше лаптопот кога ќе влезев во соба. Кога почнав да се сомневам, го зедов неговиот мобилен телефон и најдов пораки што си ги разменувал со една од најдобрите пријателки на мајка ми. Некои од нив беа интимни, а во некои се договараа кога да се видат.
Не се соочив со него, ниту ѝ кажав нешто на мајка ми, бидејќи знаев дека тоа би ѝ го скршило срцето. Се надевав дека татко ми самиот ќе сфати што прави, но тој одлучи да спие со таа жена до крајот.
Поврзани објави
Една вечер, ја одведоа мајка ми во болница, а јас со часови не можев да стапам во контакт со татко ми. Две недели по нејзиниот погреб, тој ми кажа дека ќе се види со стара пријателка на пица. Го прашав како се вика – тоа беше жената со која имаше афера. Ме уверуваше дека таа му помага да ја преболи нашата загуба. Сакам да му кажам на татко ми дека е ужасен човек. Понекогаш ми доаѓа да го удрам. Многу ми недостасува мајка ми и морам да тагувам по неа. Но како да го сторам тоа, кога тој не го почитува нејзиниот спомен?“, вака ја завршила својата исповед со надеж дека ќе добие одговор од терапевтот на веб-сајтот.
Еве каков одговор добила:
„Вашата лутина кон татко ви е природна. Тој не бил покрај вашата мајка онака како што би требало да биде за време на нејзините последни денови. А сега, не е тука ни за вас. За жал, не се сите доволно силни за да можат да се справат со болеста и смртта. Секако, тоа не е оправдување, но однесувањето на вашиот татко е разбирливо. Побарал утеха кај друга жена, бидејќи не можел да се справи со загубата на својата. Можеби вашата мајка дури и знаела за неговата афера. Зборувајте со него за тоа. Разговорот со некого за вашите чувства и за аферата на татко ви, исто така, ќе ви помогне“, одговорила терапевтката.
Што мислите вие за оваа ситуација? Можете ли да го разберете однесувањето на таткото или сметате дека е неприфатливо?
ФОТО: M. / Unsplash