Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова денеска изјави дека Москва го цени кинескиот мировен план за Украина и дека Русија е подготвена да ги постигне целите на т.н. специјални доброволни операции „со политички и дипломатски средства.
„Ја цениме искрената желба на нашите кинески пријатели да помогнат за мирно решение на конфликтот во Украина“, рече Захарова, додавајќи дека тоа значи и признавање на „новите територијални реалности“ во Украина, пренесува Ројтерс.
Кина објави документ од 12 точки во кој детално се опишува нејзината позиција за војната во Украина и се повикува на прекин на непријателствата и мировни преговори.
Киев најави дека го отфрла мировниот план доколку тоа не значи дека Русија ја повлекува својата војска до границите од 1991 година, но истовремено додаде дека е отворен за некои делови од овој кинески предлог.