79
Вчеравечер полицијата ги лишила од слобода 12 момчиња од Скопје, од кои десет се малолетници, поради тоа што претходно на кејот на Вардар му се нафрлиле со тврди и остри предмети на момче од градот. Сите биле задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.