Почетна ЕкономијаОсум лица го загубија животот во пожар во Дом за стари лица во белградската општина Бараево

Осум лица го загубија животот во пожар во Дом за стари лица во белградската општина Бараево

од nenad
1 минути читај за

Осум лица го загубија животот во пожар што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в. д.

директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ. Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета.

„Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ.

Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство. рп/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА