Почетна ЕкономијаВладата финансира пет нови капитални проекти во општина Илинден

Владата финансира пет нови капитални проекти во општина Илинден

од nenad
1 минути читај за

Со одлука на Владата на Република Македонија, ќе се реализираат пет нови капитални проекти во општина Илинден. Овие проекти се дел од објавениот втор јавен проект и истите се однесуваат на следните активности:

Реконструкција на коловоз на улица „9“ во населба Илинден

Изградба на сервисна улица „3“ во Јака

Изградба на сервисна улица „11“ во Јака

Реконструкција на локалниот пат Мршевци – Дељадровци

Доградба на „ООУ Гоце Делчев“ во населба Илинден

Станува збор за капитални проекти кои се дел од програмата за работа на Општина Илинден, а воедно предложени од граѓаните на општината како приоритетни за нивна имплементација, за кои во изминатиот период Општина Илинден изготви целосна техничко – проектна докумантација. Во наредниот период ќе се спроведе постапка за ребаланс на Општинскиот Буџет и ќе спроведат постапките за избор на изведувачи на овие проекти и нивно реализирање на терен.

Реализацијата на овие проекти ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура, уличната мрежа и условите во образованието, со цел унапредување на животниот стандард на жителите на општина Илинден.