Музичката ѕвезда најважниот ден го поминува далеку од нашите краишта.
Драгана Мирковиќ вчера имаше голема причина за славење бидејќи наполни педесет и седум години.
Многумина велат дека оваа пејачка е родена „под среќна ѕвезда“, што може да се поврзе со големиот празник Крстовден, кој вчера го празнуваа православните верници, а таа го помина со своите најблиски – синот Марко и ќерката Мануела.
Драгана и нејзините деца моментално престојуваат во Дубаи, од каде што таа и Марко се огласуваат преку Инстаграм. Семејството не крие дека ужива во заедничките моменти.
Бидејќи вчера ѝ беше роденден на пејачката, ова патување очигледно е подарок од нејзините деца, кои ја израдуваа. Драгана Мирковиќ сподели ретка фотографија со ќерката Мануела, која предизвика голем интерес во јавноста, а во оваа пригода им се заблагодари на своите деца за незаборавното роденденско изненадување.
Поврзани објави
Ви благодарам многу за изненадувањето, а особено на моите најдобри деца на светот, Марко и Мануела, за најубавиот роденден – напиша Драгана.
Пред тоа, Драгана објави стори од хотелот Бурџ Ал Араб, познат како еден од најлуксузните во Дубаи, каде што уживаше во капучино послужено во златна шолја.
Мојот најубав роденден почна со појадок и златно капучино – напиша Драгана.
Фото: Printscreen Instagram @dragana_mirkovic