Почетна Убавина и здравјеПочина инфлуенсерка по естетски операции во Турција – сопругот скршен од болка – Убавина и здравје

Почина инфлуенсерка по естетски операции во Турција – сопругот скршен од болка – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Бразилската пејачка, манекенка и инфлуенсерка Ана Барбара Бур Булрини (31) трагично го загуби животот по извршени естетски операции во Истанбул. Како што пишува американскиот магазин People, Ана се подложила на три хируршки зафати – липосукција, зголемување на гради и ринопластика – но неколку часа подоцна починала од кардиореспираторен застој.

Инфлуенсерката Ана Барбара Бур Булрини (31) пристигнала во Турција со сопругот Елгар Суеиа (30), со кого живеела во Мозамбик. Според извештајот на локалниот медиум O Tempo, операциите биле договорени со приватната болница Tusa Hospital во замена за промоција на социјалните мрежи, каде што Ана имала речиси 800.000 следбеници.

Сакаше да ги направи овие зафати за да го подобри својот физички изглед. Тоа ѝ беше сон,“ изјави нејзиниот сопруг.“

Тој посочува дека операцијата првично била закажана за среда, но поради промени во распоредот, лекарот одлучил да ја изврши веќе во неделата – иако Ана не била подготвена.

Отидовме само да ја разгледаме клиниката, но докторот инсистираше веднаш да ја оперира. Ана претходно јадеше, а требаше да биде на пост. Таа не беше подготвена,“ вели Суеиа за турските медиуми.

Според порталот G1, операцијата траела до 23 часот на 15 јуни. Суеиа бил известен дека Ана е уште под анестезија, но дека ќе се разбуди наскоро. Наместо тоа, го оставиле да чека над еден час, а потоа му соопштиле различни информации – еден доктор му рекол дека срцето ѝ чука слабо, друг дека веќе починала.

Скршениот сопруг напиша на Инстаграм:


Поврзани објави

Денес не зборувам само како сопруг што ја загубил љубовта на својот живот, туку како човек кој бара вистина, одговорност и правда.“

Тој додаде дека Ана трагично починала на 16 јуни 2025 година во приватна клиника во населбата Пендик, во Истанбул:

Дојде во оваа земја со надеж и доверба. Таа доверба беше предадена од системот кој дозволи сето ова да се случи без надзор.“

Од болницата Tusa Hospital соопштија дека пациентката била уредно информирана за сите правни и медицински детали пред операцијата. Наведуваат дека за време на постоперативниот процес дошло до „неочекувана компликација“, при што биле направени обиди за реанимација кои траеле 90 минути – но без успех.

People наведува дека побарале коментар од болницата и од турската национална полиција, но не добиле одговор до моментот на објавување на оваа статија.

Фото: Инстаграм