Популарниот фолкер денеска од родилиштето ги извади сопругата Катарина и ќерката Срна…
Дарко Лазиќ пред три дена стана татко по трет пат, кога неговата сопруга Катарина се породи и роди девојче, на кое родителите му го дадоа името Срна. Фолкерот денеска ги извади сопругата и ќерката од родилиштето „Д-р Драгиша Мишовиќ“.
Лазиќ пристигнал во породилиштето во друштво на сестрите на Каќа, Тијана и Кристина и не ја криел среќата што по трет пат станал татко, а за својата наследничка донел прекрасен носач за бебиња. По излегувањето од породилиштето, Каќа и Дарко не ја симнаа насмевката од лицето.
Чувството е нереално, денеска сум особено возбуден. Ќерката е огледална слика и прилика на нејзиниот татко. Одиме дома да се одмориме. Бебето е доволно мирно, синоќа бев возбудена, не спиев. Доста е славење, сега одиме да уживаме“ – рече Каќа.
Поврзани објави
Да потсетиме, пејачот синоќа приреди гала прослава по повод раѓањето на неговата наследничка. По тој повод изнајмил луксузен ресторан и ги собрал членовите на семејството, но и многу пријатели.
Фото: printskrin Youtube/Blic
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: