Славниот актер Хју Грант раскажал како неговиот обид за готвење се претворил во вистинско фијаско
Актерот Хју Грант открил две катастрофални ситуации кои толку го потресле неговото семејство што сега го молат да стои по на страна од кујната. Англискиот актер, познат по улогите во филмовите како што се „Дневникот на Бриџит Џонс“ и многу други класици, неодамна почнал да готви првпат на 64 години.
Но ова ново хоби предизвикало голем хаос. Актерот признал дека не само што го „отрул“ своето семејство, туку и им пренел глисти, случајно послужувајќи им недоволно зготвено пилешко месо.
„Видете, беше темница“, признал во разговорот со колешката Рене Зелвегер за британскиот „Вог“.
„Правевме скара, а јас го забив термометарот во пилешкото. Не можев убаво да ја прочитам температурата. Па така, послужив – глисти за сите.“
Иако Хју не потврдил од која болест заболело неговото семејство, трихинелоза е особено честа инфекција што ја предизвикуваат тркалезни глисти, а која настанува со консумирање недоволно печено месо.
Обично тоа месо содржи ларви на трихинелоза, кои во тенкото црево стануваат возрасни глисти, според податоците од клиниката „Мајо“. Во оваа фаза, чести се симптомите како дијареја, болки во стомакот и повраќање, но тие обично се влошуваат кога возрасните глисти ќе почнат да се размножуваат и да произведуваат нови ларви.
Поврзани објави
Ако не се лекува, овие ларви патуваат низ крвотокот и честопати се закопуваат во мускулното ткиво, предизвикувајќи бројни непријатни симптоми, како болки во зглобовите, отекување на лицето, висока температура, иритација на кожата и конјунктивитис.
Лондонската клиника „Мајо“ наведува:
„Симптомите траат неколку месеци. Но обично се ублажуваат кога ларвите формираат цисти. Дури и откако инфекцијата ќе помине, заморот, болката, слабоста и дијарејата може да траат со месеци или години“.
И покрај своето кулинарско фијаско, актерот признал дека не може да престане со правење скара и со купување опрема за готвење на отворено. Со оглед на тоа што сега е зима, купил и кујнски прибор за внатрешна употреба, но додал дека децата упорно го молат да не готви.
ФОТО: Принтскрин Јутјуб