Почетна Убавина и здравјеПочна да ви се појавува седа коса? Еве што говори таа за нашето здравје!

Почна да ви се појавува седа коса? Еве што говори таа за нашето здравје!

од nenad
1 минути читај за

Сите ние се грижиме за својот надворешен изглед, а кога станува збор за косата, секогаш сме “опседнати” со фактот дали е оштетена па одиме на фризер за исправување, виткање, бојадисување, потстрижување и што уште не. Затоа не е ни чудо што се покажува толку голем интерес за побелувањето на косата, кои се причините, како и тоа дали оваа појава е реверзибилна и дали постои некаков лек или третман што би можел да ја врати природната боја на косата.

Кој пигмент е одговорен за бојата на косата?

Секое влакно на косата, а повеќето луѓе имаат околу 100 000 влакна, е насадено во скалпот во корен. Веднаш под кожата коренот е опколен со цевче наречено фоликула. Фоликулите содржат пигментни клетки, кои произведуваат меланин, пигмент кој ја дава и бронзената боја при сончање, а се јавува во две форми: еумеланин и феомеланин. Количината на меланин која ја произведува фоликулата определува дали бојата на вашата коса ќе биде кафена (повеќе еумеланин), руса, црвена (повеќе феомеланин) или некоја нијанса помеѓу нив.