Снегот не израдува, пристигна тивко и многумина не чекаа ниту миг за да прошетаат и да вдишат чист воздух. Децата не се двоумат туку веднаш ги наоѓаат санките заборавени од минатата зима и уживаат на локалните патеки за лизгање со другарчињата или родителите. Студот не е непријател на децата ниту на нивната млада кожа, но дефинитивно е непријател на нивните родители и сите возрасни што сакаат да ја заштитат кожата.
Сепак зимата е парадокс на убавина и суровост. Нејзиниот допир е краткотраен но знае моментално да ја одземе удобноста на образите, на дланките и да ја исуши кожата. Кожата секогаш бара чувар, нешто што ќе ја заштити од надворешни влијанија и ќе ја направи мека и хидрирана.
Снегот не прашува дали е некој подготвен или не, туку едноставно доаѓа а со него и студот и ветерот па најдоброто решение е секогаш да се нанесе одреден производ што ќе помогне. Активирање на природната одбрана на кожата е еден од начините бидејќи нашата кожа е природно добро заштитена од влијанија на околината преку сопствената одбрана контролирана од ензими. Меѓутоа, кај чувствителна кожа, бариерната функција на кожата е загрозена, што доведува до иритација и сувост. Еуцерин pH5 кремата за лице нуди одлична заштита и регенерација на кожата со клинички докажана толеранција на кожата. Уникатните состојки со pH вредност од 5 ја обновуваат ензимската активност, го зајакнуваат слојот на природна заштита и го регулираат балансот на хидратација на кожата. Така што кожата станува забележливо нежна.
Удобноста навистина е можно да се најде и зимно време. Да се носи шал е секогаш препорачливо, но заштита на кожата е нешто што е неопходно. Кожата секогаш треба да има сопствено засолниште, мразот може да најде навистина опасен соперник во вистински производ што е сериозно ефикасен.