Дали поседувате некоја стара куќа од вашите предци? Можеби време е да ја реновирате и да ја претворите во катче за одмор
Сè повеќе луѓе добиваат желба да создадат нешто со сопствени раце, без разлика дали станува збор за изградба на куќа од темел или за реновирање на старата. Ова видео покажува како човек кој верувал во себе и бил упорен, целосно преуредил стара камена куќа и ја претворил во модерен и функционален дом.
Куќата што ја преуредил била изградена во 1957 година и се наоѓала на сосема запустен плац од 2,5 хектари.
Куќата била толку зарасната во растенија што била речиси невидлива во шумата. Но овој човек видел голем потенцијал во нејзините камени ѕидови и цврсти темели.
Поврзани објави
За трансформација и обнова на оваа куќа, биле потребни големо трпение, напорна работа и планирање. Тој ја трансформирал куќата до секој детаљ, притоа водејќи сметка за тоа да ја зачува традицијата и да реновира сè што може да се обнови.
Погледнете во видеото во продолжение како изгледала куќата претходно, а како изгледа сега…
ФОТО: Јутјуб