Почетна Убавина и здравје„Никогаш нема да го најдеме убиецот…“ – Убавина и здравје

„Никогаш нема да го најдеме убиецот…“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Зоран Шијан, сопруг на пејачката Гоца Божиновска, брутално беше убиен пред точно 25 години во центарот на Белград.

Зоран Шијан е убиен на 27 ноември 1999 година во 01:30 часот во центарот на Белград. Додека седел во својот црн „мерцедес 600“ и чекал на семафорите, криминалците ладнокрвно му го одзеле животот.

Непознат автомобил застанал непосредно до возилото на Шијан и од него биле испукани 18 фатални истрели во правец на боксерот. Според тогашните информации, напаѓачите користеле или автоматски пиштол „шкорпион“ или автоматска пушка М-70А.

Шијан починал на лице место, додека неговиот „мерцедес“ продолжил да се движи по удолницата, преминувајќи ги шините на трамвајот и удрил во паркиран автомобил.

Неговата сопруга Гоца Божиновска не верува дека некогаш ќе дознае кој го убил нејзиниот сопруг.

Помина многу време, има многу луѓе кои можеби знаеле нешто за тоа, но се уште не верувам дека смртта на мојот сопруг некогаш ќе биде решена“ – изјави Гоца Божиновска, која мина девет години во брак со Шијан.


Поврзани објави

Таа изјави и дека никој не му се заканил на Зоран.

facebook.com/Legende devedesetih

Не знаеме чија цел била да го убие. Од убиството па до ден денес, никој не не извести што се случува во истрагата, па затоа и сум песимист дека некогаш нешто ќе се дознае“ – изјави таа пред извесно време.

Да потсетиме, Зоран Шијан е роден 1964 година. Во моментот кога бил убиен, имал само 35 години. На почетокот изгради успешна спортска кариера, со што стана шампион на Европа во кик-бокс. Но, и покрај успешната спортска кариера, тој градеше и втора, па полициското досие стануваше се подебело. Го етикетираат како водач на „кланот Сурчин“ кој е поврзан со кражба и препродажба на луксузни автомобили.

Фото: printskrin Youtube/Kurir
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: