Почетна Убавина и здравјеРада си ставила в џеб 152.000 евра! Годината штотуку започна, а пејачката веќе има закажано 19 настапи

Рада си ставила в џеб 152.000 евра! Годината штотуку започна, а пејачката веќе има закажано 19 настапи

од nenad
1 минути читај за



Годината штотуку започна, а Рада Манојловиќ веќе има закажани свирки низ регионот. Судејќи според објавените датуми, Манојловиќ е побогат за 152.000 евра!

Рада Манојловиќ е позната по добрата атмосфера која ја создава на своите настапи. На снимките од веселбите често можеме да ја видиме на качена на стол. Пејачката вели дека тоа не го прави намерно, туку е понесена од атмосферата. Можеби поради тоа, но и поради нејзините пејачки способности, Манојловиќ е многу барана.

Поради лошото искуство со претходните соработници, настапите на Рада извесно време ги закажува нејзината сестра Марија, која веќе и има договорено 19 настапи во 2025 година. Во 2025 година Манојловиќ ќе пее низ Србија, регионот и дијаспората, а веќе има резервирани термини за октомври!

Со оглед на тоа што Рада наплаќа 8.000 евра по настап, а веќе има закажано 19 свирки, Манојловиќ може да се пофали дека на самиот старт на годината заработила 152.000 евра!


Поврзани објави

Да потсетиме, Рада во неколку наврати потенцираше дека првите пари што ги заработила главно ги инвестирала во нова куќа во родниот град, за да им обезбеди удобен живот на татко и и сестра.

Фото: printskrin Youtube/PRINC Planet TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: